Од утре полициски час од 23 часот до 5 наутро, угостителските објекти ќе работат до 22:30


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Владата на вечерашната редовна седница го прифати предлогот на главниот Кризен штаб за полициски час од 23 часот и продолжување на работното време на угостителските објекти.

Согласно владина одлука од утре полицискиот час ќе почнува од 23 часот, додека кафеаните ќе работат до 22,30 часот.

Одлуката следува откако во текот на изминатата недела се бележи падна на бројот на заболени од 40 отсто,а бројот на починати бележи пад од 20 отсто.

Според професорот доктор Никола Пановски олеснувањето на рестриктивните мерки нема да ја влоши епидмиолошката состојба, но неопходна е поголема контрола на почитувањето на протоколите во угостителсктите објекти.