Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бесплатен јавен превоз за сите граѓани во Скопје додека да се намали загаденоста на воздухот, најави градоначалникот на градот, Коце Трајановски, како една од мерките што ги претстави на прес-конференција за загаденоста на амбиенталниот воздух.
Трајановски апелираше сите скопски градоначалници да помогнат во финансиското субвенционирање на јавниот градски превоз.
Оваа привремена мерка ќе трае сè додека нивото на загадување не се намали до дозволеното ниво.
За воведување пар-непар Трајановски рече дека нема законски услови и затоа упати апел до надлежните министерства да направат измени во законите за воведување на оваа мерка во главниот град.