Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако Уставниот суд вчера привремено го укина мораториумот за градба во скопската општина Центар, од општината ќе мораат да издаваат дозволи за градење врз основа на веќе постоечките градежни планови. Тоа предизвика револт и гнев кај еколозите, кои велат дека капиталот победил пред здравјето.
Уставните судии вчера решија дека допрва ќе одлучуваат дали одлуката на општина Центар за мораториум на градењето е уставна.
Иницијативата за иницијативата за уставноста и законитоста на мораториумот беше поднесена од Градежната комора и Стопанската комора на севернозападна Македонија.
До конечната одлука нема мораториум за градба на територијата на општина Центар. Дел од уставните судии сметаат дека Советот на општина Центар ги пречекорил ингеренциите.
На 27 декември 2017 општина Центар донесе одлука за мораториум на градба, со кој беше стопирана реализацијата на 31 Детален урбанистички план (ДУП).
„Можеби не е погрешно ако констатираме дека градежната мафија ги има во свои раце сите институции“, реагираше граѓанското здружение Во одбрана на Дебар Маало.
По денешната одлука на Уставниот суд, O2 иницијативата потсети дека Уставниот суд не донесе времена мерка, иако беше побарана за деталните урбанистички планови во општина Карпош иако се нанесоа тешко отстранливи последици. Едниот ДУП е токму тој каде никнаа зградите на земјиштето на бившиот ресторан „Имес“ за кое завчера беше обвинет екс градоначалникот Стевче Јакимовски за злоупотреба на службената положба.
Уставниот суд не донесе времена мерка, иако беше побарана и од општина Гази Баба за да се спречи ДУП-от каде може да се гради Г1-тешка индустрија. Земјиштето е веќе доделено под наем на 99 години на Локо транс.
Уставниот суд го пролонгираше носењето на решенијата за ДУП во Карпош, иако ги имаше сите потребни документи и одговори од општината, потсетуваат од О2 иницијативата.
„Поради основаното сомневање за начинот на работење на уставните судии, нивната (не)зависност, застапувањето на одредени интереси, бараме од Државната комисија за спречување на корупција да го испита постапувањето на уставните судии, а Државниот завод за ревизија да изврши ревизија на нивната работата“, бараат од О2 иницијативата.