Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Своевремено одличната ракометарка и дел од златната генерација на шампионскиот „Кометал Ѓорче Петров“, Андријана Будимир, која емоциите во јавноста дополнително ги освои, но и разбранува како девојка на трагично загинатиот Тоше Проески, многумина ја нарекуваат и негова најголема љубов.
По смртта на Тоше пред 12 години , Андријана се повлече од јавноста и одбиваше да зборува за никогаш непрежалениот Тоше. За нивната љубов се дозна дури по смртта на пејачката ѕвезда , кога медиумите од целиот регион пишуваа за нив.
Андријана мораше да ја докажува љубовта и на суд, зашто менаџерката на Тоше , Љиљана Петровиќ тврдеше дека никогаш не биле во врска. Андријана го доби судскиот спор откако приложи над 200 смс пораки кои ги размениле со Тоше. Пресудата беше донесена во корист на Будимир, а Љиљана мораше да и исплати 300.000 денари поради клевета.
Денеска медиумите од регионот пишуваат дека пет години по неговата трагична смрт, таа се омажи за угостителот Јохан од Скопје, а во 2014 година добија син.
View this post on Instagram
Будимир отвори и приватно ракометно училиште, а во април годинава стана селектор на машката младинска ракометна репрезентација на Македонија. Таа е прва жена на оваа позиција во историјата, со тоа што македонските медиуми ја нарекуваат челична дама на ракометот.
View this post on Instagram