Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кинеската компанија БајтДенс, која е сопственик на популарната апликација ТикТок, ја отфрли понудата за купување на апликацијата од страна на технолошкиот гигант Мајкрософт. Компанијата објави дека наместо продажба, договорено е партнерство со корпорацијата Оракл.
„БајтДенс нè извести дека нема да го продава Тикток во САД. Убедени сме дека нашиот предлог беше добар за корисниците на ТикТок и заштитата на интересите на националната безбедност”, се вели во соопштението на Мајкрософт.
БајтДенс се откажа од продажба на ТикТок во Соединетите Американски Држави, а добро информиран извор изјави за Ројтерс дека кинеската компанија се согласила да соработува со Оракл за да избегне забрана за деловно работење во САД.
„Договорено е Оракл да биде технолошки партнер за БајтДенс и да го преземе управувањето со податоците за клиенти на ТикТок во САД“, рече изворот.
Оракл преговара и за преземање на ТикТок во САД.
Во август, американскиот претседател Доналд Трамп му даде рок на БајтДенс да го продаде или суспендира американскиот дел од бизнисот со апликации „ТикТок“ или во спротивно кинеската апликација ќе биде забранета во САД.