Од СЗО порачуваат: Пречкртајте ја и 2021


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Не дека генерално имавме некои огромни очекувања (иако има поединци кои со сиот ум мислеа дека коронавирусот во 2021 „ќе го прогласат за умрено“), сепак, кога главниот светски здравствен авторитет, Светската здравствена организација, ќе ви потврди дека треба „да турите пепел“ и на претстојната година, паѓа неубаво и на душа и на психа.

Не дека и СЗО е којзнае што во поглед на авторитет последниве времиња (знаеме кој сè и какво сè влијание има таму), ама сепак, муабетот им држи вода кога станува збор дека ќе се дружиме со КОВИД-19 пандемијата и во 2021.

Очекувањата дека пандемијата ќе заврши во 2021 се „предвремени“ и „нереалистични“, порачал директорот на СЗО за итни програми, др. Мајкл Рајан.

Што се однесува на вакцините, тој објаснува дека тие ќе помогнат драматично да се намали бројот на хоспитализирани и починати од ковид, плус ќе ги охрабри луѓето кои се во првите редови во борбата против пандемијата, меѓутоа предупредува дека не смее да се опуштаме, и дека ништо не е гарантирано во епидемија која еволуира.

„Ако сме паметни ќе ставиме крај на хоспитализациите и смртните случаи и трагедиите поврзани со оваа пандемија.

Ако вакцините почнат да влијаат не само на бројот на починати и бројот на хоспитализирани, туку имаат значително влијание и на динамиката на пренесување на болеста и ризикот од пренесување, тогаш верувам дека побрзо ќе постигнеме контрола на пандемијата,“ порачал Рајан на прес-конференцијата во Женева.