Од стручен аспект: Постојат 4 типа на женски задник


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Женската убавина е вечна инспирација за човечштвото, а женскиот задник е еден од најатрактивните физички атрибути кој „ја скокотка“ машката фантазија.

Кога станува збор за обликот на задникот, се чини дека повеќе или помалку сите жени имаат слични задници.

Естетските хирурзи класифицираат четири типа на задници и нагласуваат дека секој тип е убав на свој начин.

Квадратен облик

Ако имате малку посилни колковите и бутови, голема е веројатноста да имате задник со квадратен облик. Во тој случај, најдобро е да избегнувате класична долна облека и да се одлучите за боксери, бикини или танги. Исто така, фармерките со висок струк би можеле да ви бидат поудобни и речиси сигурно би ви прилегале добро.

Здравје: Квадратниот задник би можел да укажува на слабост на телото, а ослабеното тело може да доведе до слаб имунолошки систем. Оваа форма, исто така, може да значи дека имате вишок маснотии околу половината, која, пак, го зголемува ризикот од мозочен удар или срцев удар.

Срцевиден задник или задник во форма на буквата А

Ако имате тенка половина и масти распределени во долниот дел од задникот или бедрата, веројатно имате задник во облик на буквата A. Обликот на колковите и задникот дава илузија на превртен облик на срце. Ќе ви биде поудобно ако носите долна облека со висок израз или поголеми дупки за нозете, танги или бикини. Еластични фармерки ќе направат да изгледате совршено.

Здравје: Внимавајте! Со текот на годините, ваквиот задник тежнее кон дебелеење. Луѓето кои имаат ваков облик на задникот се повеќе склони кон срцеви заболувања.

Задник во форма на буквата V

Овој облик на задникот е пополн кон врвот, близу линијата на струкот, а има помал волумен во долните делови. На ваков облик одговара долна облека со низок струк, гаќички, боксерки… Ваквата долна облека дава поголема покриеност на задникот. Вашиот задник ќе изгледа одлично во фармерки со поголеми џебови и низок израз.

Здравје: Оваа форма најчесто ја имаат постари жени. Хормоналните промени и намалувањето на колагенот прави полниот дел на задникот да се намали.

Тркалезен задник

Оваа форма на задник е резултат на полни колкови и распределба на мастите околу него. Ова создава заоблен, округол изглед на задникот. Кога ќе избирате долна облека, треба да побарате таква со дополнителна ткаенина одзади за целосно да го покрие, и да го намали потенцијалното „сечење“ на кожата. Тангите исто така би требало добро да одговараат. Панталоните со висок струк најдобро би одговарале на ваквиот тип на задник.

Здравје: Кога станува збор за големи, полни задници, жените кои ги имаат најчесто се попаметни и поздрави. Лошата страна им е што се посклони кон насобирање целулит.