Од следната недела започнува исплатата на депозитите од пропадната Еуростандард банка


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Следната недела најавено е започнувањето на исплатата на депозитите во Еуростандар банка, на која и беше одземена дозволата за работа, информираат од Фондот за осигурување на депозити за Телма.

Од таму велат дека очекуваат наскоро стечајниот управник да го достави списокот на физичките и правните лица депоненти.

Исплатата ќе се врши преку четири банки, а максималниот износ, колку што е пропишан, може да биде само до 30.000 евра, додека оние кои имаат над 30.000 евра во пропаднатата банка, депозитите ќе ги чекаат од стечајната маса.