Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од следната грејна сезона во 2019 година, парно греењето ќе има поевтина цена, а помали трошоци ќе има и за производство во индустријата. Цената за пренос на природен гас ќе се намали за 12%, објави Регулаторната комисија за енергетика. За 3% ќе поевтини и цената за дистрибуција на природен гас во ТИРЗ-овите.
“Се надеваме дека ова намалување на цената за пренос наприроден гас, кое што изнесува приближно 12%, како и намалувањето на цената за дистрибуција на природен гас во ТИРЗ-овите ќе даде силен поттик и до градот Скопје, кој што веќе формираше јавно претпријатие за сериозна гасификација на градот Скопје во 2019 година”, вели Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.
Регулаторна ќе го промени и начинот на тарифирање, со што ќе се воведат различни категории потрошувачи. Веќе во јануари заедно со дистрибутерите на природен гас ќе изработат соодветни тарифни модели.
“Јас се надевам дека имајќи предвид дека и цената на нафтата паѓа, дека ќе имаме и придвижување во нашите пресметки во наредните квартали и за цената на природен гас. Јас се надевам дека со намалувањето на цената ќе се поттикнат повеќе домаќинства да се приклучат на гасоводната мрежа во Струмица, Куманово, но и во Скопје”, изјави Бислимовски.
Новите, пониски цени за парно греење, ќе важат од 1 август идната година.