Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Скопскиот Кривичен суд погрешно оценил дека понудената гаранција на Мијалков нема да го обезбеди во понатамошниот тек на постапката – ова е главниот заклучок од образложението на Апелација со чие решение потпишано од судиите Енвер Беџети и Ѓоко Ристов му ја уважиле жалбата на екс шефот на УБК за притворот и му определиле поблаги мерки.
Денеска објавеното образложение, на десетина страници во најголем дел се задржува на понудената гаранција во вредност од над 11 милиони евра која опфаќа станови, деловни објекти, хотелски апартмани, бензинска станица и земјиште, целиот со налог да се стави под хипотека. Потоа осврнувајќи се одлуката на Кривичниот суд за притвор судиите наведуваат:
-Не е спорно дека кривичната постапка е во тек и дека се уште е потребно обезбедување на присуство на обвинетиот со цел да се спречи истиот да се даде во бегство, што преставува основ за мерката притвор, но со оглед на околностите дека идентитетот на обвинетиот е утврден и познат, има оформено потесно семејство, родител е на две деца, а во корелација со висината на определената гаранција, советот на овој суд цени дека погоре наведените околности преставуваат вредносно обезбедување за присуство на обвинетиот во понатамошниот тек на кривичната постапка.-Апелационен суд Скопје.
Инаку истиот состав на судии пред шест месеци, на понудена гаранција за скоро милион евра пониска од сегашната, наведе дека притворот е најефикасна мерка бидејќи постоела реална опасност Мијалков да избега.
По завчерашната одлука на Апелација, Кривичниот суд на барање на обвинителството му определи нов притвор на Мијалков но за случајот Плацеви на Водно. Неговите адвокати поднесоа жалба по која ќе се одлучува следната недела.
По ова, се отворија правни дилеми, бидејќи сега за Мијалков има две спротивставени активни решениеја – ем му е замрзнат имотот, ем остана во притвор.