Од шоубизнис и ПР сектор, во политика – Коста Петров е нов потпретседател на СДСМ


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Вчера вечер, на седницата од Централниот одбор на СДСМ, меѓу петте избрани потпретседатели на моментално владејачката партија кај нас, од кои тројца беа ре-избрани, се најде и Коста Петров.

Освен Петров, во потпретседателската петорка влегоа и Мила Царовска, Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зеќири.

Нови лица во потпретседателската петорка се токму Петров и Мила Царовска, кои ги заменија досегашните Петре Шилегов и Фросина Ременски.

Петров преку својот Фејсбук профил порача дека одлучил да влезе во политика за да се обиде да направи нешто подобро, а не само да стои настрана и да коментира. Вели дека немањето искуство во политиката го смета за свој најголем адут.

Заев пак рече дека преку Коста Петров, којшто е нов во нивните редови, којшто е млад човек и е поканет во ЦО и истовремено е избран за потпретседател на СДСМ со сериозно образование, човек докажан, исто така ја испраќа пораката дека е еден од примерите како може да се засукаат ракавите, да се направат напори да се успее во нашата земја.

Веруваме дека ако партиите ги менуваме, ако станеме отворени и продолжиме да бидеме отворени за квалитетни луѓе од надвор, тоа ќе даде придонес на самите политички партии кои според мене, раководството на СДСМ и ЦО е предуслов за подобро, за промени кон подобро за севкупната наша земја.