Од секси фраер до непрепознатливо дебел и ќелав изглед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога ќе се споменат радикалните телесни трансформации во холивудскиот филмски свет, две-три имиња од прва паѓаат на памет, а меѓу нив неприкосновен е Кристијан Бејл.

Бејл моментално не изгледа ни половина атрактивно како што изгледаше кога го играше ликот на Бетмен и стана предмет на фантазии на голем број обожавателки.

43-годишниот актер се здебели до непрепознатливост и ја избричи главата, поради што моментално поседува прилично неатрактивен изглед речиси до непрепознатливост.

Својата физичка трансформација ја направи за потребите на улогата во која ќе го толкува ликот на 46-от потпретседател на САД, Дик Чејни, кој ќе го игра во новиот филмски хит Blackseat.

Кога на филмскиот фестивал во Торонто го прашаа како успеал да ги накачи вишокот килограми, Бејл изјави: „Само јадев многу пита“.

Бејл е познат по своите радикални физички трансформации. За улогата во филмот The Machinist во 2004 ослабе речиси 30 килограми, кои ги врати и претвори во мускули за улогата на човекот-лилјак во филмот Batman: The Bеgining.