Од секс совети никогаш не е доста, но овие се НАЈДОБРИТЕ!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Сексот е нешто за што зборуваме со нашите партнери и најблиски пријатели, па поради тоа пристапот до сексуални совети е многу ограничен.

Меѓутоа, со појавата на интернет информациите се се подостапни, па така може да разменувате совети и искуства со луѓето ширум светот.

Доколку сакате да го подобрите вашиот сексуален живот и да научите нешто ново – ова се најдобрите секс-совети.

Што е поспоро тоа е подобро
Не мора секогаш да биде така. Всушност понекогаш тоа не е во ред. Понекогаш може да биде брзо и кратко, а многу добро. Зависи од моменталното расположение и разни околности.

Не заборавајте го вратот
Вратот, момци. Девојките го сакаат вратот, момците исто така. Поради тоа никако немојте да го игнорирате овој дел од телото.

Смејте се
Не плашете се да се смеете заедно. Сексот понекогаш е смешен и страствен во исто време. Тоа може да биде вашиот најдобар секс. Позитивната енергија е секогаш добредојдена.

Комплименти
За тоа е потребна малку поголема вештина. Комплименти, комплименти, никогаш не е доста од нив. Вашиот партнер ќе се чувствува добро, посигурно и поудобно.

Поголема комуникација
Разговарајте. Кажете што сакате, кажете кога ви е добро, или што не ви се допаѓа. Комуницирајте со својот партнер, немојте да се чудите ако сексот е просечен, бидејќи не сте кажале што сакате и што ви се допаѓа.

Направете пауза
Тоа не е трка, успорете. Допирајте се, галете се и уживајте во моментот, а се друго оставете го на страна. Бидете фокусирани еден на друг, обожавајте се.