Home Актуелно Од руското МНР најавија контрамерки за Македонија после протерувањето на рускиот дипломат

Од руското МНР најавија контрамерки за Македонија после протерувањето на рускиот дипломат

Руското министерство за надворешни работи, во денешната објава, го оцени прогласувањето на дипломатот за персона нон грата како непријателски чин кон нејзината дипломатска мисија во Скопје.

„На 14 мај, беше преземен непријателски чин против руската дипломатска мисија во Северна Македонија. Локалните власти прогласија еден од дипломатите за персона нон грата. Ние силно ги осудуваме ваквите немотивирани активности, кои не можат а да не влијаат на односите меѓу Русија и Македонија. Следуваат контрамерки“, се наведува во информацијата на руското МНР.

На 14 мај, рускиот амбасадор во Скопје, Сергеј Александровиќ Баздикин, бил повикан во македонското Министерството за надворешни работи, каде што бил известен дека еден руски дипломат е прогласен за персона нон грата и дека за неколку часа треба да ја напушти земјата. Како причина за протерување на дипломатот се посочуваат активности што не се во согласност со однесувањето кое се очекува од странски дипломат што служи во земјата домаќин.

Претседателот Стево Пендаровски изјави дека случајот со рускиот дипломат што е протеран од Скопје е документиран и од тоа што го видел, како што посочи, не станува збор за импровизација.

Во последните неколку месеци, неколку европските држави преземаа активности за откривање шпионски групи во своите земји, што резултира со прогласување на повеќе руски разузнавачки службеници за персона нон грата. Во повеќето случаи следеа реципрочни мерки од Москва.

Македонија подолго време нема амбасадор во Москва, каде што, според информациите има само двајца наши дипломати од понизок ранг. Иако Ненад Колев од МНР ги помина процедурите за амбасадор во Русија, тој сè уште не заминал во мисијата.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…