Од рудар и бездомник, до шампионски појас: Кралски пречек за УФЦ шампионот во неговата родна земја Камерун


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Францис Нгану стана шампион на УФЦ во тешка категорија со победата со нокаут пред еден месец против Стипе Миочиќ.

Тоа е неверојатно продолжение на лудата животна приказна на човекот кој, до пред осум години, копал во рудниците во Камерун, а потоа бил бездомник во Париз.

Нгану секогаш гордо го истакнуваше своето камерунско потекло, па затоа реши да ја посети својата татковина и таму да го донесе шампионскиот појас. Тој предизвика вистинска лудница на улиците. Нгану гордо му го покажуваше појасот на толпата додека возеше полека низ улиците со неговиот автомобил, а илјадници луѓе го пречекаа како крал и го славеа големиот успех.

„Не успеав пред три години, но им ветив на сите дека ќе ја освојам титулата и ќе ти се вратам со неа. Вие бевте мојата сила”, рече новиот шампион на УФЦ.