Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во 2010 Бен Францис запишува факултет, каде изучува две работи: бизнис и ИТ. Додека го учи ова работи како разнесувач на пици за „Пица хат“, за плата од 5 фунти на час. Искуство што го стекнува во ИТ го користи и за развивање на две фитнес апликации.
Работата што ја има во Пица хат му се погаѓа затоа што: 1. има право на една пица по смена, и 2. кога е меѓу испораки има слобода и време да чита нови работи на телефонот.
Паралелно со факултетот и работата во Пица хат, Францис во 2011-2012 сериозно се навлекува на боди-билдинг. Една од работите што ги забележува тогаш е дека сè што доаѓа во спортот, доаѓа од преку океанот, од САД.
Верувајќи дека има простор за локален бренд Францис седнува и го прави сајтот Џимшарк (Gymshark) на кој он-лајн продава суплементи за боди-билдинг. По некое време решава да смени тема, бидејќи „никој не прави облека за бодибилдинг сцената“ и од суплементи се префрла на облека, па со заштедени 1.000 фунти купува машина за шиење и сито за печатење алишта. Шиењето го учи од мајка му која снима лекции по шиење.
Продажбата на печатените маички почнува во 2012, а Францис соработува со својот другар од училиште. Фирмата почнува на добри денови да прави продажба од по 500 фунти.
Во 2013, на инсистирање на Францис, Џимшарк се појавува на Бодипауер еден од најголемите саеми за боди-билдинг во Британија кој за среќа се одвива на само 20 минути од неговата куќа, и кој како гостин и билдер го посетува неколку години по ред.
На саемот тој вика неколку познати локални јутјубери кои помагаат еден од неговите модели на тренерки да стане вирален. По завршувањето на саемот во рок од половина час сајтот на Џимшарк прави 30.000 фунти од продажба на производи.
Седум години подоцна, во 2020, Џимшарк беше проценет на 1 милијарда фунти.
Извор: ОффНет