Од Porsche порачаа: Од автомобили не се живее, ја прошируваме нашата дејност


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Драстичните промени кои се случуваат во патничкиот превоз, но и променетите начини на користење на автомобилите, беа главната причина поради која од автомобилскиот производствен гигант Porsche сметаат дека нема да преживеат ако продолжат да произведуваат само автомобили.

Ова е токму она што шефот за информатичка технологија и финансии на Porsche, Лут Мешке, изјави за британскиот Autocar дека Porsche не може да заработува од традиционалните автомобили. Се разбира, и натаму Порше ќе произведува автомобили кои обезбедуваат задоволство при возењето, но ќе мора да го диверзифицираат нивниот бизнис.

„Градовите сакаат да го намалат сообраќајот, затоа треба да најдеме решенија во рамките на нашата марка. Автомобилот не е доволен – нема да ни донесе значителен профит. Ако сакате парче од тортата, треба да размислите да инвестирате во други брендови или во сообраќајни решенија. Ако зборуваме само за автомобилите на Porsche и подготвување за идна подвижност , тоа не е доволно. Треба да размислиме за инвестиции и да бидеме профитабилни во други индустрии “.

Мешке е многу јасен, велејќи дека 60% од нивните клиенти наскоро ќе живеат во големите градови, што значи дека ќе има помалку клиенти, особено колекционерите кои претпочитаат да имаат повеќе Porsche примероци. Затоа, ќе биде тешко да се постигне маргина од 15%.

И првото нешто што Porsche го воведува е програма за лојалност, односно изнајмување на автомобилите „Porsche“ преку месечно изнајмување кое обезбедува пристап до скоро сите модели. Истата програма ќе пристигне во Америка и Европа во наредните две години.