Од понеделник воспитувачите и наставниците на штрајк – родителите чии деца одат во градинка ќе се најдат во небрано


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од понеделник, 11 април вработените во градинките, основните и средните и училиште го започнуваат најавениот гнерален штрајк и нема да ги згрижуваат ниту помалите деца кои одат во градинките или во дневен престој во училиштата.

Претседателот на Синдикатот на образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков за „Фокус“ вели дека родителите треба да имаат разбирање за вработените.

-Одговорноста за организирање на воспитно образовниот процес е на директорите. Штрајкувачите ќе бидат во штрајк и нема да работат со децата. Оттука, треба да се бара одговор од директорите, а родителите треба да имаат разбирање за проблемите на вработените во градинките, основните и средни училишта, изјавил Неделков за „Фокус“.

Тоа значи дека родителите на кои нема кој да им ги чува децата ќе мора да бараат креативно решение.

СОНК не успеа да се договори со Владата за зголемување на платите согласно новата минимална плата и според последните информации од СОНК, штрајкот е се поизвесен. Наставниците, воспитувачите и другиот образовен кадар ќе штрајкуваат односно нема да работат додека не се договорат со власта.

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), кој е грански синдикат на Конфедерацијата на слободни синдикати, бараат веднаш да се зголемат платите за 18,4 проценти и да се бара системско решение за усогласување на останатите плати. Синдикатот веќе двапати се сретна со претставници на Владата, но досега нема никаков договор.

Синдикатот на органите на управата и правосудството (УПОЗ) денеска и утре организира двочасовен прекин на работата.

Од Синдикатот на УПОЗ, велат дека во 95 проценти од институциите се исплаќа плата под минималната, а во останатите пет проценти, дел не ја подготвуваат платата. Оние, пак, што веќе ја исплатиле, направиле грешки и исплатиле само минимална плата без вклучен стаж.

– Ќе има прекин на работата. Известени се и Владата и министерства, сите работодавачи. Ги замолувам граѓаните на трпение, не е многу, два часа се, меѓутоа тие два часа можат да пораснат и да бидат осум часа прекин, рече претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски на прес-конференцијата во вторникот.