Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Чешката тенисерка Каролина Пчишкова од понеделник ќе биде број 1 на ВТА листата. Плишкова во второто коло загуби од Магдалена Робарикова.
Плишкова, иако настапот на Вимблдон го заврши во второто коло, ќе биде прва на ВТА лисата бидејќи Романката Симона Халеп не успеа да стигне до полуфиналето. Тенисерката од Чешка ќе биде 23-та која се искачила на врвот на ВТА листата во опен ерата.
Халеп во три сета го загуби четвртфиналниот меч од Џоана Конта.
Плишкова е првата тенисерка од Чешка откако во 1975 година е воведено компјутерското бодување. Мартина Навратилова е родена во Чешка, но таа број 1 стана во 1978 година кога ги бранеше боите на САД. Плишкова игра исклучително добро сезонава, таа од почетокот на годината има освоено четири титули.
Чехињата е шестата тенисерка која ќе биде број 1 иако во кариерата нема освоено гренд слем титулата.