Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Регулаторната комисија донесе одлука според која цените на бензините и дизел-горивото ќе се зголемат од ноќеска на полноќ.
Според оваа одлука, бензините ќе поскапат од 1,5 до 2 денара за литар. Имено, цената на бензинот „евросупер БС-95“ се зголемува два денара, а цените на „евросупер БС-98“ и дизелот се зголемуваат 1,50 денар. Ќе поскапи мазутот, што ќе се продава по 28,038 денари за килограм.
Како што информираат од Регулаторната комисија, новите повисоки цени на бензините следуваат поради повисоката цена на нафтата на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период