Од полноќ поевтинуваат горивата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Согласно најновата редовна одлука за регулација на цените на горивата од страна на Регулаторната комисија за енергетика, од вечерва на полноќ цените на горивата ќе имаат големо намалување, особено дизелот, кој поевтинува четири денари во согласност со новиот тарифник на РЕК.

Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек 7,76 отсто во однос на цените што важеа минатата недела.

Од полноќ малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се намалува 2,50 денара за литар и ќе изнесува 49,50 денари, а малопродажната цена на „евросупер БС-98“ ќе се намали 2 денара за литар и ќе изнесува 52 денара.

Цената на „евродизел“ (Д-Е V) ќе изнесува 42,50 денара, што е намалување од 4 денари во споредба со досегашната цена.

Екстра-лесното масло ќе се продава за цена од 30,50 денари за литар, а мазутот за 16,945 денари.

Од Регулаторната комисија информираат дека клучни фактори што влијаат на крајната цена се референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот.