Од полноќ поевтини бензини, цената на дизелот непроменета


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со најновата ценовна интервенција од страна на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, цената на бензините се намалува за половина денар, а цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се намалуваат за половина денар на 59 и 61 денар за литар.

Цената на дизелот останува 50,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,109 денари и ќе изнесува 26,754 денари за килограм.