Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, донесена после првата рекалкулација во 2019 година, цените на горивата од вечер се намалуваат за 2.5 односно 3 денари.
Во согласност со методологијата за пресметка на цените, малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 5.51 проценти. Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за 2.5 денари, па еден литар од овие горива ќе чини 58.50, односно 60.50 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 3 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 55 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.