Од полноќ нови, повисоки цени на горивата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика од ноќеска на полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 2,06 проценти.

Со новата одлука, еуросупер бс – 95, ќе чини 84,50 денари за литар, цената на еуросупер бс – 98 ќе биде 87 денари, еуродизел бс ќе изнесува 74 денари додека пак цената на масло за горење ќе биде 73 денари за литар. Мазутот м-1 ќе се продава по цена од 41,079 денари.