Актуелно

Од полноќ нови, повисоки цени на горивата

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од денес на полноќ, на сила стапуваат новите малопродажни цени на горивата. Бензините се зголемуваат за 2,5 до три денари, а на дизелот за 1,5 денар.

За три денари од ноќеска на полноќ ќе биде повисока цената на Еуросупер 95 и ќе се продава по 71,5 денари за литар, додека цената на Еуросупер 98 се зголемува за 2,5 денари и ќе се продава по 73 денари за литар.

Малопродажната цена на Еуродизелот се зголемува за 1,5 денари и ќе изнесува 62,5 денари, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 51 денар.

Се зголемува малопродажната цена и на мазутот и ќе изнесува 34,45 денари за килограм.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше70,422 долари за барел, додека курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 54,67 денари.

Advertisements
To Top