Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, од ноќеска на полноќ бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продаваат со пониска цена, како и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1).
Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 84,50 денари, а 87 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98. Дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по 97денари, а екстра лесното за 93,5 денари.
Се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, за 0,990 денари за килограм и ќе изнесува 51,473 денари за килограм.
Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,25 проценти во однос на одлуката од 5 септември годинава.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,236 проценти, кај дизелот за 2,617 проценти, кај екстра лесното масло за 2,786 проценти и кај мазутот намалување за 3,266 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,848 проценти.