Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Епидемијата на коронавирусот продолжува да ги турка цените на горивата, директно влијаејќи на постојано намалувањ на цената на нафтата на светските берзи заради слабата потрошувачка. Барел сурова нафта денеска достигна цена од 20 долари, што е најниското ниво во последните 20 години.
Како последица на состојбите на берзите во светот, и во нашава држава цените одат удолу. На 25 февруари годинава беше последното зголемување на цената на бензините за денар, а на дизелот за 0,50 денари. Оттогаш наваму Регулаторната комисија за енергетика, РКЕ, секоја недела евидентира пад на цените на дериватите, па од 25 февруари, до сега, ЕУРОСУПЕР 95 е поевтин за 20,5 денари, за исто толку и ЕУРОСУПЕР 98, додека цената на дизелот е пониска за 15 денари, пренесува Мета.
Најниското историско ниво на цената на дериватите, како што беше посочено од РКЕ, се случи пред една недела, на 23 март, кога ЕУРОСУПЕР 95 чинеше 49,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР 98 52 денари за литар, а дизелот се продаваше по цена од 45,6 денари за еден литар.
Најновите цени кои ги соопшти денеска РКЕ се уште пониски. Според Одлуката, малопродажните цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ, до следниот понеделник во прoсек се пониски за 0,31 отсто, во однос на цените утврдени на 23 март 2020 година. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1 денар и ќе изнесува 48,50 денари за литар, а бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 е поевтин за 1,50 денари за литар и ќе чини 50,50 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе поскапат за 0,50 дени за литар, па дизелот ќе се продава по цена од 46 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 35 денари литар.
РКЕ соопшти дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати бележат намалување, кај бензинот во просек за околу 14,70 отсто, кај дизелот има зголемување за околу 0,93 отсто, кај екстра лесното масло намалување за околу 0,64 отсто и кај мазутот се регистрира намалување во просек за околу 0,94 отсто.