Од полноќ намалување на цените на горивата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата најавувајќи поголемо намалување на истите, кои ќе стапат на сила од полноќ.

Цените на бензините се намалуваат за по три денари, додека дизелот поевтинува два денари.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените на горивата, малопродажните цени се намалуваат во просек за значителни 4.8%

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за по 3.00 денари, и еден литар 95-октански бензин ќе чини 66.50 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 68.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 2.00 денари, и еден литар дизел ќе чини 60 денари.