Од полноќ на сила нови, повисоки цени на горивата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од ноќеска на полноќ на сила стапија новите, повисоки цените на горивата.

Тоа значи дека возачите согласно понеделничката одлука на регулаторната комисија бензинот Супер-95 ќе се точи по цена повисока за еден денар односно ќе се продава по цена од 62 денари за литар.

За половина денар поскапува и Супер-98 со кој возачите ќе полнат резервоари по цена од 62 денари за литар.

Од друга страна пак цената на дизелот поскапува за 1,5 денари и ќе чини 60 денари за литар.