Од полноќ горивата со нови цени!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од вечерва малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 1.21%, согласно со методологијата која Регулаторната комисија за енергетика ја користи за пресметка на цените.

Од полноќ за половина денар ќе се зголеми цената на Еуросупер-95, и еден литар од ова гориво ќе чини 68 денари.

Непроменета останува цената на Еуросупер-98, и еден литар од ова гориво ќе продолжи да се продава за 69.50 денари. Цената на Еуродизел горивото се намалува за еден денар, и еден литар дизел гориво од вечерва ќе чини 59.50 денари. Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.