Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради техничка грешка на платформата „Х“ (бивш Твитер), којашто ја призна и сопственикот на апликацијата Илон Маск, исчезна и можеби најпознатото селфи, иницирано и објавено од Елен Деџенерис, со повеќе познати личности од свеченоста на Оскарите 2014 година.
Многупати преобјавуваното „селфи“ кое го направи Бредли Купер исчезна од „X“ во текот на викендот, што го натера Маск да признае дека тоа можеби е грешка на самата платформа, пишува лондонски „Тајмс“.
На фотографијата објавена од Елен Деџенерис пред девет години, се наоѓаат и Бред Пит, Анџелина Џоли, Џулија Робертс, Кевин Спејси, Џенифер Лоренс и други ѕвезди. /МИА