Од пилот до стјуардеси: Авионски лет кој го командува целосно женски екипаж


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Авионската компанија SouthWest Airlines ја прослави првиот целосно женски авионски екипаж во историјата на патничкото воздухопловство.

Екипажот беше составен од две девојки во пилотската кабина и четири стјуардеси во делот за патници. Тие се фотографираа пред полетувањето од Сент Луис за Сан Франциско. Фотката ја објавија на Твитер, а беше споделена од компанијата и на нивниот официјален профил.

SouthWest Airlines секогаш се залагала за еднаквост на мажите и жените во авијацијата.

Колин С. Берет во 2001 година стана првата жена претседател на една голема авиокомпанија, кога ја презеде претседателската функција во SouthWest Airlines.

Според податоците од организацијата Women In Aviation Internationa, само 6,7 насто од пилотите се жени.