Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Лечењето на покачената вредност на уринарната киселина, од која страдаат голем број на луѓе, покрај примената на лекови се спроведува и со соодветна диета, која ја советуваат лекарите.
Во рамки на овој хигиенско-диетален режим забранети се црн дроб, бубрези, мозок, но и јазик, месни екстракти, сланина, како и свинско, говедско и месо од гуска.
Во менито не се дозволени ни сардини, школки, конзервирано месо и конзервирана риба.
Во умерени количини може да се јаде ржан леб, карфиол, спанаќ, пилешко, шунка, овчо месо, ракови и печурки. Мастите во исхраната исто така треба да се ограничат.
Дозволено е да се јаде бел леб, пецива, двопек, пченични мусли, макарони, пченкарно брашно.
На листата на потребните производи се наоѓаат и јајца, млеко, младо сирење, моркови, целер. Од зеленчук, се препорачуваат уште и компир, грашак, тиквици, домати, краставици, ротквици, како и сите видови на овошје и сокови.