Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најголемите ѕвезди од светот на филмот и шоубизнисот вечерва ќе се соберат на јубилејното 90-то по ред доделување на Оскарите, а меѓу оние на кои јавноста ќе го следи секое движење е и Маргот Роби.
Освен што е номинирана за Оскар во категоријата за главна женска улога во филмот I Tonya, Маргот важи и за една од најубавите актерки на денешницата, со изразито харизматична појава и духовит карактер.
Во текот на годините, оваа блондинка стана модна икона, па освен во шоубизнис рубриките, нејзиниот лик во понеделник наутро ги краси и модните рубрики. Но, не беше Маргот отсекогаш како „риба во вода“ на црвениот тепих. Старите нејзини фотки се доказ дека некога таа обожавала да експериментира со фустаните, а тие експерименти не секогаш завршувале добро.
На фотката од 2009 година, убавата Маргот има само 18 години, а веќе се прослави во улогата на бисексуалката Дона Фридман, од австралиската сапуница „Соседи“. Згодната актерка порасна на фарма во Квинсленд, а признава дека на почетокот од кариерата била апсолутен дудук за мода. Она што е очигледно е дека во меѓувреме, поради кариерата, ослабела до идеални димензии.
Откако нејзиниот фустан од страна на Herald Sun беше прогласен за модно промашување на годината, таа уште неколку пати се појави на црвениот тепих, најчесто во фустани кои не беа ласкави за нејзината фигура, и со портокалов тен.
Сето тоа драстично се промени во 2014 година, кога конечно беше прегрната од страна на Холивуд. Таа година го сними The Wolf of Wall Street и стана една од најпосакуваните жени на светот. На црвениот тепих се појави значително ослабена, а изборот на свечените фустани го препушти на Кристина Ерлих, која ја стилизиаше и Пенелопе Круз.
На многумина во сеќавање им се врежа секси фустанот од Том Форд кој предминатата година Роби го носеше на доделувањето на Оскарите.
Освен што внимава на облеката, Маргот редовно оди на третмани за лицето кај Никол Џос, која се грижи за негата на кожата и од Меган Маркл.
Инаку, неодамна се пофали дека со првата плата ја отплатила хипотеката од нејзината мајка, но за татко си никогаш не сакала премногу да зборува. Во биографијата на нејзината официјална веб страна нејзиниот татко е опишан само како „бивш газда на фирма“. Списанието New Idea пред некое време објави дека татко на русокосата убавица е тајкунот Даг Роби, кој ги оставил неа и нејзините тројца браќа и сестри кога биле деца.
„Богатиот и моќен тајкун со недвижнини и шеќер“ живее само неколку улици оддалечен од мајката на Маргот, Сари Кеслер. Додека Маргот не сака да има никаква врска со татко си, нејзиниот брат Лахлан „Локи“ Роби е прилично близок со него. Маргот за својот татко на кратко проговори во интервју за The Sun минатата година, кога откри дека слабо комуницира со него.
„Воопшто не сум како него“, изјави таа.