Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со почеток од оваа недела, па до 18 јули, повеќе од 324.000 македонски граѓани ќе ја добијат домашната платежна картичка со паричен износ кој ќе може да го искористат за купување на домашни производи до 15 август, најави денес на прес конференција министерката за финансии Нина Ангеловска.
Граѓаните од денес преку интернет страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk ќе може да проверат дали се на списокот на оние кои ги исполнуваат критериумите за оваа мерка која ја донесе Владата како дел од третиот сет мерки за поддршка на економијата. На овој начин, во економијата ќе се слеат 27,8 милиони евра кои ќе ја поттикнат потрошувачата и домашното стопанство, рече Ангеловска.
Картичките ќе ги добиваат преку девет банки кои за таа цел ќе ги известат граѓаните кога и каде може да ја примат, дали ќе им биде испораќана на домаашна адреса или во некоја од специјално наменети експозитури.
Министерката Ангеловска објасни дека граѓаните се поделени во четири групи. Во првата група се 113.927 граѓани кои ќе добијат по 9.000 денари, а во оваа група спаѓааат лица со низок доход, приматели на социјална помош и активни баратели на работа, кои во минатата година немале поголеми приходи од 180 илјади денари, или годинава од јануари до април не повеќе од 60 илјади денари според податоците на УЈП.
Во втората група се околу 117 илјади лица кои ќе добијат по 3.000 денари, односно граѓани кои се во работен однос, но чии примања во првите 4 месеци не надминуваат 60 илјади денари. Овие лица ќе добијат и ваучер од 6.000 денари за поддршка на туризмот, што ќе оди преку Министерството за економија.
Во третата група се 87.014 лица, станува збор за млади од 16 до 29 години кои се дел од државното образование и кои ќе добијат финансиска поддршка по 3.000 денари.
Во четртата група се 4.394 здравствени работници кои ќе добијат по 40 отсто од последната нето исплатена плата.