Од омилено место на Тито и влијателните комунисти, до хотел со најлоши рецензии на светот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Grand Hotel во центарот на Приштина е познат по лошата репутација, а „одвратно“, „шупа“ и „хорор“ се само некои од атрибутите кои му ги доделуваат гостите на TripAdvisor.

Резервации преку интернет не постојат, а хотелот одвај има и интернет конекција. Немаат официјален е-меил, а дури и Хашим Тачи, претседателот на Република Косово, мораше да го коментира изгледот на хотелот кој многумина го предлагаат како одлична локација за снимање хорори.

„Не мислам дека е најлош хотел на светот, но само затоа што светот е многу голем“, изјави за новинарот од New York Times, изненаден откако овој му рече дека ќе отседне во тој хотел.

Во хотелот со 13 ката има 500 соби, а Ендру Хигинс беше единствениот гостин во моментот кога престојуваше таму. Последните катови, вели, се населени од гулаби и се полни со отпад, додека „ѕидовите од темно дрво го отсликуваат најмрачното минато на Косово“.

Менаџерот на хотелот, Рахим Фазлиу, вели дека хотелот веќе не заслужува пет ѕвезди кои ги добил кога бил изграден во 1978 година. Но, инсистира дека „со малку шминка“ може да стане „симбол на успехот“ за Косово.

A post shared by Maria Romanenko ?? (@rommari) on

Послугата во хотелот е речиси непостоечка, а главното лоби смрди на цигари, додека зелените теписи кои ги прекриваат катовите се полни со флеки и прав, тврди Хигинс.

Шурије Абази, 58-годишната чистачка во хотелот која почнала да работи во него еден месец откако бил отворен, пред четири децении, уште се грижи гостите (кои ги нема) да имаат сапун, со надеж дека еден ден ќе се вратат.

A post shared by Vebi Kurmekaj (@vebikurmekaj) on

Пред распадот на Југославија, хотелот бил омилено место на влијателните комунистички лидери, а Јосип Броз Тито во него имал свој претседателски апартман на четвртиот кат.

После смртта на Тито, пишува Хигинс, контролата над неговиот апартман ја презел Жељко Ражнатовиќ Аркан, а неговите луѓе забраниле влез за Албанци и кучиња.

Хигинс хотелот го посетил неколку пати, а последен пат кога бил, имало петмина гости, што претставува еден насто од капацитетот на хотелот.

Why is my hair always in a messy topbun please???

A post shared by 9/11/17?? (@ginaa.g_) on

Grand Hotel, според деловодните книги, има 500 вработени, но српскиот персонал побегнал оттаму после доаѓањето на НАТО. Денес на работа се појавуваат околу 80 луѓе, а хотелот е во ликвидација. Беџет Паколи, косовскиот Министер за надворешни работи и поранешен претседател, процени дека за реновирање на истиот се потребни околу 50 милиони долари.

„Навистина е грозен. Кој би сакал да отседне овде?“, изјави тој.