Од окото ѝ извадиле четири живи „потни“ пчели (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако имала проблеми со оток на едното око, девојка од Тајван решила да оди на лекар за да се консултира за терапија која ќе го реши нејзиниот проблем.

Но, наместо како што очекувала да ѝ кажат дека има некоја внатрешна инфекција, младата Тајванка била шокирана од информацијата на докторите дека причина за отокот се четири живи пчели кои се наоѓаат во нејзиното око.

челите биле внатре во окото и се хранеле од солзите на 29 годишната девојка. Докторите од тајванската клиника Фујин рекле дека никогаш дотогаш не виделе ниту знаеле за ваков случај. Тие успеале од солзниот канал на девојката да ги извлечат сите четири пчели неповредени.

Хунг Чи-тинг, шеф на одделот за офталмологија на прес конференцијата рекол дека видел нешто што личи на нога од инсект и го повлекол под микроскоп, без да се оштетат телата на пчелите.

Станува збор за мали „потни“ пчели , што ги привлекува човечката пот и може да се најдат секаде во светот. Не се агресивни и боцкаат само кога се нападнати.

Докторот вели дека вакви пчели може да се најдат најмногу во планински подрачја и во близина на гробишта. Тоа ја објаснило причината за состојбата на Тајванката. Таа го уредувала гробот на своите родители, кога почуствувала нешто во окото.

Претпоставила дека е прав, па го измила окото. Но, ноќта окото и потекло , па побарала лекарска помош.