Од ноќеска ново поскапување на дел од горивата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи од полноќ граѓаните да точат нафтени деривати за повисоки цени.

Според одлуката дизелот и Еуросупер 95 поскапуваат за половина денар.

Во цени зголемувањето би изгледало вака:

ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе се точи по 66,50 денари за литар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д Е V) 53,00 денари за литар.

ЕУРОСУПЕР БС 98 останува со непроменета цена и во следните две седмици ќе се точи по иста цена како и во изминативе две по цена од 68,50 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за еден денар и ќе чини 42,00 денари за литар.

Намалување бележи малопродажната цена на мазутот М 1 НС, кој се намалува за 0,680 денари што значи дека неговата цена ќе изнесува 27,845 денари.

Овие цени ќе важат од полноќ па се во следните две седмици.