Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од ноќеска на полноќ на сила стапуваат нови, поевтини цени на горивата, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросуперБС-98 се намалуваат за 4 денари за литар и со тоа новата цена на еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ ќе изнесува 63 денари за литар, додека малопродажната цена на еуросупер БС-98 ќе изнесува 65 денари за литар.
Цената на дизелот ќе се намали за 3,5 денари и со тоа новата цена ќе изнесува 61 денар за литар.