Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со најновата корективна одлука за ценита на горивата од страна на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ бензините ќе се продаваат за половина денар поевтино. Цената на дизелот останува непроменета.
Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 68 денари за литар, Еуросупер БС 98 за 70 денари, а Еуродизел (Д-Е V) и натаму ќе се продава по 62 денара.
За 0,004 денари поскапува мазутот М-1 HC , и новата цена ќе изнесува 33,344 денари за килограм.
РКЕ ја донесе одлуката за намалувањето на малопродажните цени на нафтаните деривати, што во просек изнесува 0,09 проценти, врз основа на цените на горива и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.