Од ноќеска нови цени на горивата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Како и секој втор понеделник, така и денес, Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата.

Согласно методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат за 4,54 проценти.

Преведено во бројки, тоа значи дека од вечерва на полноќ цената на ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98 се зголемува за 1 денар, и еден литар од овие горива ќе чини 64 односно 66 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемуваат за 1,5 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 50,5 денари.

Како што напоменавме, новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.