Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Со најновата корекција на ценита на горивата, Регулаторна комисија за енергетика и водни ресурси донесе одлука за зголемување на цената на нафтените деривати во просек од 1,64 проценти.
Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“, се зголемуваат за еден денар за литар. Со ова зголемување, цената на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 62 денари за литар, додека малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ ќе изнесува 63,50 денари за литар.
Малопродажните цени на дизелот и на екстра-лесното масло за домаќинство се зголемуваат за половина денар и со тоа малопродажната цена на дизелот ќе изнесува 53,50 денари за литар, додека малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство 53 денари за литар.