Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Со новите цени за горивата кои ги одреди Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ на сила стапуваат повисоки цени на бензините.
„Еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ се зголемуваат за половина денар, а дизелот и екстра-лесното масло за домаќинство остануваат со непроменети цени, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Од полноќ „еуросупер БС-95“ ќе се продава по цена од 67 денари за литар, а „еуросупер БС-98“ по цена од 69 денари за литар.
Зголемувањето на цената на бензините се должи на покачувањето на цената на нафтнените деривати на светските пазари во изминатиот седумдневен период.