Home Актуелно Од ноќеска на полноќ поевтин бензин и поскап дизел

Од ноќеска на полноќ поевтин бензин и поскап дизел

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за еден денара по литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 72 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе се продава за 74, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 63, а Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) за 65 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,599 и килограм ќе чини 39,780 денари.

РКЕ информира дела во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи во просек бележат намалување само кај бензинот за 3,175%, додека кај останатите е регистрирано зголемување и тоа кај дизелот за 1,873%, кај екстра лесното масло за 1,964% и кај мазутот за 1,141%.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…