Home Актуелно Од ноќеска на полноќ ново поскапување на горивата

Од ноќеска на полноќ ново поскапување на горивата

Со најновата одлука за ценовна корекција на горивата донесена од Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ за еден денар се зголемува цената на бензините, а на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за денар и пол.

Од полноќ во следните седум дена, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 76,5 денари, Еуросупер БС-98 по цена од 78,5 денари, а новата цена на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 69 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 1,103 денар/килограм и сега ќе изнесува 42,827 денари за килограм.

Новите повисоки цени на нафтените деривати се должат на зголемувањето на цените на светските берзи во изминатиот седумдневен период.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…