Од ноќеска на полноќ имаме поскап дизел и поевтин бензин


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Цената на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар за литар, а цената на Еуросупер БС-95, пак, се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се намалува за половина денар за литар и ќе изнесува изнесува 59,5 денари, додека цената на бензинот Еуросупер БС-98, не се менува, односно останува 61,5 денари за литар. Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваат за половина денар за литар и ќе чинат по 51,5 денари.

Со одлуката на РКЕ за 0,099 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 27,481 денари.