Advertisements
Вебкафе

Од НИВ треба да учиме за фер борба (видео)

Борбата меѓу овие два капиталци е за територија и тука не се штедат силите во обидот да се покаже и докаже доминацијата на едниот над другиот.

Но, она за кое ние, луѓето, може и треба да учиме од овие мечки е концептот за фер борба. Кога двајца луѓе ќе се степаат, или ќе се најдат во некаков дуел, макар бил и дебатно-политички, целта им е едниот да го згази до снеможување или можеби дури и исчезнување другиот. Да може да направи едноставно да го снема – ќе го направи.

Во случајот со овие диви горштаци, тоа оди до моментот додека едниот не се почувствува инфериорен и послаб, па ја предава битката и напушта терен. Нема тука борба до смрт, туку едноставно одмерување на силите со усул, чисто да се знае кој е посилен и главен.

Advertisements
To Top