Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Летното сметање на времето започнува на 31 март во два часот по полноќ, кога часовниците треба да се поместат за еден час понапред, на три часот по полноќ.
Летното сметање на времето во 2019 ќе заврши на 27 октомври во три часот по полноќ, кога часовникот ќе се помести наназад и всушност ќе биде два часот по полноќ. Одлуката за почетокот и завршувањето на летното сметање на времето е донесена на седница на Bлада, а потоа објавена во Службен весник.
„Донесувањето на оваа одлука придонесува кон следење на долгорочната економска политика на Република Северна Македонија за асоцирање кон Европската унија, како и водење сметка за непречено функционирање на одредени сектори не само за транспорт и врски туку и други сектори од индустријата кои бараат стабилно и долгорочно планирање“, соопштуваат од Министерството за економија.
Во меѓувреме во ЕУ предложи укинување на префрлување на времето од зимско на летно и обратно за што сега се очекува да се изјаснат земјите членки.