Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јули 2023 година веројатно ќе биде запаметен како најтоплиот месец во последните стотици, ако не и илјадници години“, изјавија водечките научници на НАСА на тркалезната маса со новинарите, предупредувајќи дека горештината само ќе се влошува.
„Сведоци сме на невидени промени низ целиот свет. Топлински бранови во САД, Европа, Кина и уривање на температурните рекорди… Ова не е изненадување“, рече Гевин Шмит, директор на Годард Институтот за вселенски студии на НАСА.
Јуни 2023 година веќе беше најтоплиот јуни досега, а јули најверојатно ќе биде најтоплиот месец во историјата. „Од науката знаеме дека човековата активност, првенствено емисиите на стакленички гасови, недвосмислено го предизвикува затоплувањето што го гледаме на нашата планета“, рече Кејт Калвин, главен научник и виша советничка за климата во НАСА.
Научниците на НАСА појаснија дека податоците собрани и анализирани од Институтот Годард веќе укажуваат на тоа. „Од деценија во деценија се зголемуваат температурите во последните четири децении“, рече Шмит.
Американската вселенска агенција последен пат забележа таков пораст на температурите во јули и август 2016 година поради супер Ел Нињо во текот на зимата 2015 и 2016 година. Но овој пат не се работи за уште еден настан сличен на Ел Нињо. Топлинските бранови што моментално се гледаат се резултат на целокупното загревање низ целиот свет, особено во океаните.
„Сведоци сме на рекордни температури на површината на морето, дури и надвор од тропските предели, веќе многу месеци. Ќе предвидиме дека тоа ќе продолжи, а причината зошто мислиме дека ќе продолжи е затоа што продолжуваме да ослободуваме стакленички гасови во атмосферата“, рече Шмит.
„Има 50-50 шанси дека 2023 година ќе биде најтоплата година досега. Други научници на НАСА веруваат дека има 80 проценти шанси 2023 година да биде најтоплата година.“
Научниците предвидуваат дека 2024 година ќе биде уште потопла од 2023 година, бидејќи временскиот шаблон на Ел Нињо – познат по тенденцијата за зголемување на глобалните температури – најверојатно ќе го достигне врвот кон крајот на оваа година.
Најновата иницијатива на НАСА, Информативeн центар за Земјата, ќе ги направи достапни податоците за климата од 25 сателити на НАСА за прегледување во реално време. Експонат во седиштето на агенцијата беше отворен за јавноста минатата недела, а следната недела ќе почне онлајн-верзија на веб-страницата на НАСА.