Од „Најголем губитник“ до фраериште по кого воздивнуваат сите жени


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тој е доказ дека ако се има желба, волја и цврста упорност, ништо не е невозможно и ништо не е недостижно.

Во 2008-ма година Сем Руен беше победник во третата сезона на реалното шоу „Најголемиот губитник“ каде учесниците добиваат парична награда според бројот на изгубени килограми.

Сем, кој тогаш имаше 19 години, тежеше 154 килограми кога го почна шоуто, а го заврши со 71 килограм. Сега има 29 години и работи како пожарникар и модел.

Тој во изминативе 10 години продолжи да го негува здравиот начин на живот и целосно го трансформира неговото тело. Сем вели дека е посветен на здрав живот и редовно вежбање, но додава дека темата на самодоверба во врска со неговиот изглед уште е чувствителна за него.

Неговата приказна е инспирација за многу луѓе кои се борат со вишокот килограми и прекумерна дебелина.

Неговиот совет е: „Може да си стигнат на дното, но со напорна работа и упорност, може да си го свртиш животот наопаку и да ги оствариш своите соништа.“